Закана за поставена бомба на софискиот аеродром

Бугарската полиција го блокираше попладнево реонот околу аеродромот во Софија, по добиената закана за поставена бомба во објектот, јави БТА.
Според бугарското Министерство за внатрешни работи, телефонската закана за поставената експлозивна направа била добиена околу 13:30 часот по локално време.
Тимови на единицата за антитерозиам на бугарската полиција во моментов го проверуваат реонот на аеродормот, трагајќи по евентуалната бомба.