Капетанијата во Охрид доби капетан

Горан Устијановски е нов капетан на капетанијата во Охрид. Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски.
Новиот капетан дипломирал на Факултетот за туризам и угостителство, има положен испит за звање бродовозач во внатрешна пловидба и положен испит за звање морнар.
Тој е актуелен претседател на Здружението на бродари и екипаж на брод и долгогодишен капетан на бродот „Галеб“, рече портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.