Арифи во работна посета на САД

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

Вицепремиерката задолжен за европски прашања Теута Арифи од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
За време на посетата, како што е наведено во соопштението од Секретаријатот за европски прашања, Арифи ќе се сретне со заменикот државен секретар на САД Вилијам Барнс, со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер и со конгресменот Елиот Енгел.
Во рамки на посетата предвидени се и средби со Џихан Султаноглу, регионален директор на УНДП за Европа и Централана Азија, како и со претставници на тинк-тенк организации.