Грчката влада пред договор за мерките за штедење

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска ќе се сретне со коалициските партнери Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис за да дефинираат заеднички став за мерките за штедење. Состанокот се одржува откако лидерот на ПАСОК Венизелос изрази незадоволство затоа што не бил детално информиран од министерот за финансии Јанис Стурнарас за мерките кои се уште не се договорени со меѓународните кредитори. Станува збор за намалување на пензиите, платите и социјалното осигурување, укинување на ослободувањето од данок за самовработените и зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години.