Француски неделник со карикатури на пророкот Мухамед

архива

Францускиот сатиричен неделник „Charlie Hebdo“ во денешното издание содржи неколку карикатури со пророкот Мухамед. Еден од уредниците изјави дека карикатурите ќе претставуваат шок за оние што ќе сакаат да бидат шокирани. Одлуката на списанието да ги објави карикатурите доаѓа во време на протести во муслиманските земји против видеото во кое се потсмева пророкот Мухамед при што биле убени најмалку 19 лица. Франција, со најмалку четири милиони муслимани, има најголема муслиманска заедница во Западна Европа.