Европратеникот Ричард Ховит во Скопје

Вицепремиерката Теута Арифи и известувачот во Европарламентот за Македонија Ричард Ховит

Членот на Европскиот парламент и известувач за Македонија Ричард Ховит денеска во Скопје ќе има средба со министерот за локална самоуправа Невзат Бејта. На средбата, како што е соопштено, ќе се разговара за напредокот на Македонија во спроведувањето на процесот на децентрализација, како еден од клучните критериуми за членство во Европската унија. На средбата на која е најавено присуство и на специјалниот пратеник на УНДП Диадре Бојд ќе биде претставен и Акцискиот план за спроведување на Програмата за децентрализација до крајот на 2014 година.