Оштетено возилото на американскиот амбасадор во Кина

Американскиот амбасадор во Кина Гери Лок

Американскиот Стејт Депртмент соопшти дека околу 50 демонстранти во Пекинг го опколиле возилот на американскиот амбасадор во земјата, при што предизвикале мала штета. Амбасадорот Гери Лок не бил повреден, но дипломатите ја искажале својата загриженост за инцидетот во министерството за надворешни работи на Кина. Инцидентот се случил за време на анти-јапонските протести во Кина.