Сириските бегалци во Јордан протестираа против посетата на Брахеми

Брахими при посетата на сириски бегалски камп во Турција.

Сириските бегалци во Јордан денеска протестирале за време на посетата на нивниот камп од страна на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига Лакдар Брахеми. Некои од бегалците фрлале и со камења кон неговиот конвој. Бегалците во кампот Заатари во Јордан го обвинуваат Брахеми дека му дал легитимитет на сирискиот претседател Башар ал Асад со тоа што се сретнал со него во саботата во Дамаск.
Претходно денеска, Брахими посети и сириски бегалски камп во Турција.