Клинтон и посака добредојде на Су Чи во САД

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска и посака добредојде на лидерката на опозицијата во Мајнмар Аунг Сан Су Чи во САД. Клинтон и Су Чи се очекува да разговараат за политичките промени во Бурма и за економски прашања. Вашингтон треба да ги олесни останатите економски санкции кон азиската држава, откако земјата реши да се „отвори“ по децениите на репресивна воена власт.
Су Чји беше ослободена од домашен притвор во 2010 година, откако помина 15 години затворена. Таа сега е пратеник во парламентот.