Словачка забрани продажба на алкохол од Чешка

Словачка денеска забрани продажба на жесток алкохол од Чешка. Одлуката е резултат на зголемувањето на бројот на жртви од труење со нелегален алкохол во Чешка. Словачкиот министер за земјоделство, Љубомир Јанатек изјави дека забраната е мерка на претпазливост. Во меѓувреме денеска во Чешка уште еден маж почина од труење со алкохол со метанол. Досега во земјата починаа 22 луѓе од алкохолно труење. Полска во неделата забрани продажбата на чешки алкохол, освен на пиво и вино. Чешкиот Фонд за здравство во петокот забрана продажба на алкохолни пијалаци со повеќе од 20 проценти алкохол. Министерот за здравство рече дека забраната би можела да трае со месеци.