Се урива уште една стара џамија на Косово

Косовска Митровица

Градоначалникот на Косовска Митровица, Авни Кастрати дал согласнот за турска донација со која на местото на Иса беговата џамијата, која датира од 1465 година, ќе се гради најголемата џамија на Косово, јави дописникот на МИА.
Иса беговата џамијата, позната и како „песочна џамија“, во текот на својата историја била уривана и обновувана неколкупати. Таа е под заштита на косовскиот Завод за културно наследство и надлежните инситуции. Kако што пишува весникот „Коха диторе“ инситуциите од културата со неверување ја примиле веста, најавувајќи преземање мерки за запирање на оваа намера на Кастрати.
- Ако се има предвид неуспехот на институциите во претходните два вакви случаи, по се изгледа истата судбина ќе ја снајде и Иса беговата џамијата, констатира „Коха диторе“, наведувајќи дека лани надлежните инситуции не успеале да го спречат целосното уривање на пет века старата џамија во ценарот на Приштина, како на џамијата во Доберча, кај Гњилане, стара еден век.