Американска помош за Косово од 62,5 милиони долари

Kосовската претседателка Атифете Јахјага со американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон

Американската Влада ќе обезбеди 62,5 милиони долари за подобрување на демократијата и управувањето, како и економскиот развој на Косово во оваа година, соопшти американската амбасада во Приштина. Договорот за финансиска помош го потпишаа косовската претседателка Атифете Јахјага,американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон и директорката на мисијата УСАИД на Косово Морин А.Шокет. Како што е наведено, овие средства ќе бидат искористени и во областа на образованието и земјоделството.
Со дополнително финансирање, УСАИД планира да им овозможи подобро образование на младите луѓе, како и да формира Агенција за кредитирање на развојот, која ќе им одобрува кредити на косовските земјоделци, вклучувајќи ги и жените кои се занимаваат со оваа стопанска гранка.