Опозицијата во Белорусија повикува на бојкот на изборите

Двете главни опозициски партии во Белорусија повикуваат на бојкот на парламентарните избори следната недела, велејќи дека гласањето е „фарса“. Опозициските партии велат дека наместо на гласање луѓето треба да отидат на риболов или во посета на своите родители.

Опозициската Обединета граѓански унија и белорускиот Национален фронт вчера ги повлекоа своите кандидати, велејќи дека изборите не може да бидат демократски се додека има опозициски активисти во затвор.

Од Централната изборна комисија на Белорусија го критикуваа бојкот, велејќи дека одлуката покажува „непочитување на избирачите“ и претставува „пародија на правото.“