ЗНМ со поддршка на Законот за декриминализација на клеветата и навредата

Здружението на новинари на Македонија го поддржува усвојувањето на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, во чие изготвување учествуваа и претставници на здружението во период од речиси една година.

ЗНМ соопшти дека посебно го поздравува храбриот чекор на Владата што одлучи да не ја декриминализира само клеветата и навредата, туку целата Глава од Кривичниот закон што се однесува на делата против честа и угледот.

Според ЗНМ, овој закон значително ќе ја подобри законската рамка за слободата на изразувањето и слободата на медиумите.