Прекршочни пријави и предлози за разрешување на директорите на чаирските училишта

Државниот просветен инспекторат поднесе прекршочни пријави до Основен суд и укажувања до училишните одбори и до градоначалникот на Чаир со предлози за разрешување на директорите кои не ја исполнија наредбата да ги вратат имињата на четирите училишта.

Инспекторатот соопшти дека денеска извршил контролен надзор, откако истече законскиот рок училиштата да постапат по решенијата и да ги поправат неправилностите.

Инспекторатот информира дека Министерството за образование и наука не може да постапува во случајот со отстранувањето на бистите и дека за тоа се известени институциите кои ја имаат таа надлежност.