Насилни протести во Кабул

Денешните протести во Кабул против контоверзниот филм во кој се измејува пророкот Мухамед, прераснале во нереди, кога демонстрантите почнале да фрлаат камења, да палат гуми и да извикуваат анти-американски слогани. За денеска се најавени протести и во Бејрут, а либанскиот министер за надворешни работи Аднан Мансур побара итен состанок на Арапската Лига на кој би се расправало за филмот.