Обама ќе поднесе жалба против Кина во Светската Трговска Организација

Американскиот претседател Барак Обама ќе поднесе трговска жалба против Кина поради неферска владина подршка на кинеската индустрија. Претставник на Белата куќа изјави дека претседателот ќе ја покрене постапката денеска во Светската трговска организација, поради наводно нелегални субвенции за кинеската автомобилска индустрија.