Најавени протести во Бејрут

Авторот на филмот беше повикан на испрашување во полициска станица во САД

Подржувачи на шиитската милитантска група Хизбалах денеска се очекува да протестираат во Бејрут против интернет видеото кое е навредливо за Исламот. Протестот се очекува по апелот на лидерот на групата Сајед Хасан Насралах. Либанскиот министер за надворешни работи за новинската агенција “Ројтерс” изјави дека побарал итен состанок на земјите членки на Арапската лига.