Земјотрес во Турција

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени го погоди реонот на Козан во југот на Турција, јавија медиумите. Епицентарот на потресот бил во регионот на селото Гнери, се наведува во соопштението на истамбулската сеизмолошка обзерваторија. За сега нема информации за жртви и материјални штети.