Лидерката на опозицијата во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи во посета на САД

Аунг Сан Су Чи.

Нобеловката и лидер на опозицијата во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи денеска е во посета на САД, каде што се очекува да разговара за напредокот на демократските реформи во својата татковина. Ова е трета посета во странство за 67-годишната Су Чи, бидејќи таа помина подолго време во домашен притвор.

Су Чи ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година за нејзината борба да се донесе демократија во Мјанмар. По поминати 15 години во домашен притвор, таа годинава беше избрана за пратеник во парламентот.
Аунг Сан Су Чи во САД оди по неколку децении пауза. На почетокот на 70-тите, таа поминале три години како приправник во седиштето на ОН во Њујорк.