Сириските трупи го освоиле центарот на Алепо

Сириските трупи денеса го зазеле и го „очистиле“ од бунтовниците квартот Мидан кој се наоѓа во центарот на Алепо, јави државната телевизија САНА. Тој кварт и за бунтовниците и за владата е од стратешко значење. Активистите од сириската опозиција јавуваат дека владините сили бомбардираат подрачја кои се под контрола на бунтовниците ширум земјата. САНА соопшти дека владините сили убиле десет бунтовници во Алепо.