Карзаи ги критикуваше САД за затворот Баграм

Затворот Баграм.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска упати критика до САД, заради тоа што не предадоа стотици авганистанци од затворот Баграм, на контрола на авганистанските власти.

САД официјално им ја предадоа контролата на Баграм на авганистанските официјални лица на 10 септември, а со тоа заврши шестмесечниот трансфер што почна по договорот потпишан меѓу двете земји во март.

Околу 3.000 затвореници сега се под контрола на Авганистан, но околу 50 странски затвореници и неколку стотици Авганистанци кои беа уапсени по договор во март се уште се во американски раце.

Во соопштението издадено од кабинетот на претседателот, Карзаи вели дека одлуката на САД да го одложи предавањето на затворениците е „сериозно кршење“ на нивниот договор и противречи на „духот на заемно пријателство и одредбите на билатералниот договор за стратешко партнерство.“