Ирак- ирански бегалци префрлени во нов камп

Обединетите нации соопштија дека последната голема група на ирански бегалци е префрлена од нивната долгогодишна база во североисточниот дел на Ирак во нов комплекс во близина на Багдад.

Високиот претставник на ОН во Ирак, Мартин Коблер, објави дека околу 680 Иранци Муџахедини кои живееле во кампот Ашраф се пресели во кампот на слободата.
ОН изјави дека преселбата на луѓето е неопходна. Нивната група се смета за терористичка организација од страна на САД. Групата Муџахедин е Халг се противи на свештеничкиот режим во Иран и е на црната листа на САД од 1990 година, откако извршија голем број на напади врз ирански и американски цели.