Кудрските бунтовници убиле 8 турски војници

Најмалку осум полицајци биле убиени, а девет повредени во експлозија на крајпатна бомба во јужниот дел на Турција, соопштија турските власти. Официјалните лица изјавија дека бомбата била активиран од страна на бунтовниците на Курдистанска работничка партија (ПКК). Вчера беа убиени четворица турски војници во напад врз воен конвој во близина на границата со Иран и Ирак. Турските власти соопштија дека во југоисточната провинција Хакари, силите убиле 123 курдски милитанти во изминатите десет дена, откако е лансирана голема офанзива против базите на ПКК.