Протести во Португалија против мерките за штедeње

Повеќе од 100 илјади луѓе излегоа на улиците на Лисабон и други градови низ Португалија протестирајќи против новите мерки за штедење воведени од страна на централно-десничарската влада. Во главниот град, демонстрантите се судрија со полицијата пред парламентот, но никој не беше повреден. Студенти и уметници повика на протести на Фејсбук, но тие беа поддржани од екстремно-левичарските партии и најголемиот синдикат во Португалија.

Португалскиот премиер Педро Пасос Коељо, претходно оваа недела, најави дека работниците во приватниот и јавниот сектор ќе мора да придонесат повеќе за своите пензии, а работодавците ќе го намалат придонесот за вработените во обид да се отворат нови работни места. Невработеноста во Португалија изнесува повеќе од 15 проценти.