Брахими се сретна со Асад

Сиријската државна телевизија јави дека меѓународниот медијатор Лахдар Брахими се сретнал со сиријскиот претседател Башар ал Асад денеска. Станува збор за прва средба меѓу претседателот и медијаторот, откако Брахими ја превзема функцијата од неговиот претходник Кофи Анан пред две недели. На средбата се разговарало за ставање крај на 18 месечниот конфликт во Сирија.