Продолжение на расправата за законот за бранителите

Собраниската комисија за труд и социјална политика денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери досегашната повеќечасовна дискусија вчера на седницата ја продолжи со молчење. Џафери пред неколку дена држеше говор 8,5 часа.