Телата на загинатите дипломати во Бенгази пристигнаа во САД

Телата на четворица убиени американски дипломати денеска пристигнаа во САД од Либија. Меѓу жртвите е и амбасадорот Крис Стивенс. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека правдата ќе биде задоволена против напаѓачите кои наводно се бунеле против американски филм за пророкот Мухамед.