ЕУ министри ќе ги набљудуваат изборите во Грузија

Министрите за надворешни работи од 5 те најнови земји-членки на Европската Унија добија задача да ги следат подготовките за парламентарните избори на Грузија на 1 октомври.
Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјави дека тој и колегите од Латвија, Литванија, Чешка и Романија ке опатуваат во Грузија, во понеделник за да ги набљудуваат подготовките за изборите значајни за евро - атланските интеграции на Грузија.
Владејачката партија на претседателот Михаил Саакашвили, се очекува да се соочи со опозицијата предводена од милијардерот Бидзина Иванишвили.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен предупреди минатата недела дека гласањето ќе биде "тест" за грузиската демократија.