Думата му го одзеде мандатот на опозиционен пратеник

Генадиј Гудков

Руската Дума денеска изгласа да му се одземе мандатот на опозициониот пратеник Генадиј Гудков. Тоа од Парламентот го побарало обвинителството пради тоа што Гудков наводно бил вмешан во комерцијални активности што е неспоиво со пратеничката функција. Гудков, кој е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека станува збор за политички мотивирана постапка.