Путин стравува од „хаос“ на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија стравува од ризикот Блискиот Исток да влезе во „хаос“. Путин го осуди убиството на американскиот амбасадор и на уште тројца луѓе во Либија, за време на протестите во Бенгази поради филмот кој се сметаа за навредлив за исламот. Тој ги повика новите влади кои дојдоа на власт по „арапската пролет“ да преземат целосна одговорност за безбедноста во нивните земји.