Напнато меѓу Јапонија и Кина

Шест кинески бродови денеска навлегоа во водите околу спорните острови на Источна Кина. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека неколку пати побарала бродовите да го напуштат регионот, но само два го исполниле барањето. Јапонскиот премиер Јошихико Нода вети дека во ситуацијава ќе остане крајно претпазлив. Ова се случува откако пред неколку дена Токио потпиша договор за купување на три острови од спорниот дел од приватен јапонски сопственик. Кинеското министертво за одбрана тогаш соопшти дека Владата и вооружените сили се подготвени да сторат се за да го заштитат суверенитетот на државата.