Филмот „Трето полувреме” македонски кандидат за Оскар

Филмот „Трето полувреме” на Дарко Митревски, ќе биде македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, што ја доделува Американската академија за филмски науки и уметности.
Друштвото за филмски професионалци на Македонија, како асоцијација овластена од да го врши изборот на национален кандидат за Оскар, соопшти дека во конкуренција, покрај „Трето полувреме“, биле и филмовите „Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска и „Скопје Ремикс” на група режисери.
Кандидатурата на филмот „Балканот не е мртов” на Александар Поповски, исто така во продукција на Кино око, од технички причини навремено била повлечена.