Собранието ги изгласа измените на Законот за следење на комуникациите

Собранието денеска со 96 гласа „за“, без воздржани и против, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите.
Пратениците од опозицијата пред паузата се изјаснија дека ќе го поддржат овој Закон, кој е важен за евроинтеграциите на Република Македонија.
Собранието ја продолжи работата по 40. седница со расправа по Предлог законот за минерални суровини во прво читање.