Во Москва почна судењето за случајот Магнитски

Рускиот суд денеска започна судски процес против единствениот обвинет за смртта за рускиот адвокат Сергеј Магнитски, кој почина во затвор. Обвинетиот Дмитриј Кратов е поранеш заменик-управник на московскиот притворен центар Бутјурка. Тој е обвинет за небрежност која довела до смрт на Магнитски во ноември 2009 година. Властите велат дека 37-годишниот Магнитски починал од срцев удар додека чекал судење за обвиненијата за затајување данок. Но, неговите колеги и роднини велат дека тој починал откако бил тепан и малтретиран во притвор. Магнитски беше адвокат на групацијата Ермитаж капитал менаџмент од Лондон. Откако тој сведочеше против руски официјални лица, тие против него поднесоа обвинувија за проневера на пари.