МААЕ ќе гласа за резолуцијата за Иран

Членките на Агенцијата за атомска енергија на ОН денеска ќе гласаат за нацрт-резолуција со која треба да се прекори Иран за неуспешната соработката со нуклеарните инспектори. Резолуцијата беше изработена од страна на Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД. Во неа тие изразуваат „сериозна загриженост“ во врска со активностите за континуираното збогатување на ураниум во Иран. Исто така, се повикува Техеран да им дозволи влез на нуклеарните инспектори во постројките за збогатување ураниум. МААЕ минатиот месец објави дека Иран двојно го зголемил збогатувањето ураниум од почетокот на летото.