Авторите на антиисламскиот филм засолнети

Американскиот конзулат во Бенгази во пламен

Авторите на антиисламскиот филм кој предизвика крвави протести пред амбасадите на САД во Египет и во Либија, се засолнети, според извештаите кои се повикуваат на консултантот на филмот и на режисерот Сем Бејсил.
Бејсил, продавач на недвижности од Калифорнија, кој се претставува како израелски евреин, вели дека го снимил филмот затоа што „исламот е канцер“. Филмот го прикажува исламскиот пророк Мухамед како измамник и женкар. Бејсил изјави дека е тажен поради насилствата и убиствата.
Американскиот амбасадор во Либија и тројца членови на персоналот беа убиени вчера за време на протестите пред конзулатот во Бенгази. Протести беа одржани и пред американската амбасада во Каиро, но таму немаше жртви.