Египетскиот претседател Морси во прва посета на Европа

Мохамед Морси

Египетскиот претседател Мохамед Морси од денеска ќе престојува во Брисел, во прва посета на Европа по стапувањето на функцијата во јуни годинава. Неговиот портпарол изјави дека во разговорите со лидерите на ЕУ, Морси сака да ја поттикне соработката со Унијата и да разговара за потенцијални инвестиции во Египет.
ЕУ е најголемиот трговски партнер на Египет, со која се одвива една третина од вкупната надворешна трговија.
По престојот во Брисел, Морси ќе отпатува за Италија, еден од најважните трговски партнери на Египет во Европа.