Владејачката партија победник на изборите во Холандија

Марк Рут

Холандскиот премиер Марк Рут прогласи победа на неговата централно- десничарска Либерална партија на вчерашните парламентарни избори. Либералите освоиле 41 место во 150- членото собрание, две повеќе од нивниот најголем ривал, централно- левичарската Работничка партија.
Резултатите го отвораат патот за двете проевропски партии да формираат коалиција, што би бил втор мандат за Рут како премиер.
Целта на Марк Рут е намалување на дефицитот, додека Работничката партија на Дидерик Самсом промовира поголемо трошење со програми за отворање работни места.