Медведев- „непродуктивно“ е Пуси рајот да се во затвор

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека држењето на членките на Пуси рајот зад решетки е „непродуктивно“. Тие се осудени на по две години затвор за анти-Путин перформанс во црква во Москва. Медведев коментира дека не сака да ја зема работата на судиите, но дека според него доволно би било жените да отслужат условна казна. Затворањето на трите жени предизвика протести низ целиот свет.