Груевски испрати писмо со сочувство до Обама

Американското знаме на конзулатот на САД во Либија.

Премиерот Никола Груевски испрати писмо со сочувство до американскиот претседател Барак Обама по повод терористичкиот напад на конзулатот на САД во Бенгази во кој животот го загуби амбасадорот Кристофер Стивен и тројца конзуларни службеници.
„Деновиве, кога одбележуваме единаесет години од терористичките напади на 11-ти септември 2001 година, повеќе од потребно е да се покаже одлучност во напорите за елиминирање на силите кои преку ширење на терор и насилство, војуваат против универзалните цивилизациски вредности – мирот, демократијата и човековите права“, вели премиерот Груевски во писмото.

Понатаму тој ја истакнува решеноста на Македонија за продолжување на активниот придонес во борбата против тероризмот и другите форми на насилство кои го загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот.