Лекари, учители и општински службеници на протести во Атина

Архивска фотографија.

Мирно поминал денешниот протестен митинг во Атина на лекарите, наставниците и општинските службеници кои протестираа заради планираните намалувања на платите и намалувањето на државните расходи предвидени со новата програма економски мерки.
Трите синдикати организираа демонстрации пред Министерството за финансии во Атина. Во протестите учествуваа околу 3.000 луѓе меѓу кои и градоначалници вклучително и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.
Денеска се очекуваат и протести на грчките офицери, нешто што досега е невидено во Грција, јавуваат западни медиуми.
Во меѓувреме, лидерите на грчката владејачка коалиција се обидуваат да ја финализираат програмата за ново намалување на расходи за периодот во следните две години. Досега грчкиот премиер Андонис Самарас не успеа да добие согласност на коалициските партнери за предложените мерки. Самарас денеска треба да се сретне со лидерите на ПАСОК и Демократската левица.