Попоски -Членството во ЕУ не треба да се попречува од билетерални прашања

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Членството на Македонија во Европската унија секако ќе дојде, но потребен е почеток на преговорите кој не треба да е попречен од билатерални пречки. Ова денеска го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој е во Брисел по повод состанокот на македонската делегација со Северно-атлантскиот совет на НАТО (НАЦ), на кој ќе се разгледува извештајот за прогресот на Македонија во рамки на процесот за членство во НАТО
Пред почетокот на состанокот, Попоски истакна дека целта на Македонија уште од почеток на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија е да испорачува реформи што се суштински, во најчуствителни домени, а со цел да се скрати периодот на преговори.