Хрватска не се брза да се присоедини кон еврозоната

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ.

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека Хрватска не се брза да се присоедини кон еврозоната.
Запрашана како евентуалната финансиска криза во Словенија би можела да ја засегне Хрватска, Пусиќ рече дека некои земји не се подготвиле добро за еврото, но Хрватска нема да биде една од нив, бидејќи Загреб не се брза да се присоедини кон еврозоната.
Во интервју за австрискиот весник „Пресе“ таа вели дека перспективата за членство во ЕУ ја стабилизирала Хрватска. Во тој контекст, шефот на дипломатијата ја истакна неопходноста од европска интеграција на сите земји од ЈИЕ и рече дека е охрабрена од изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ кој истакна дека Србија планира да се присоедини кон ЕУ.