Франција и Романија ќе разговараат за Ромите

Роми во францускиот град Лил.

Француските министри за внатрешни работи и за европски прашања се во посета на Букурешт на разговири со романските власти за интеграцијата на Ромите и нивните права како европски граѓани за слободно движење. Неколку стотина Роми протестираат пред седиштето на владата затоа што со години се одолговлекува нивното интегрирање. Од ОН и невладите организации изразуваат загриженост за протерувањето на Ромоте од Франција и бараат Париз да вложи повеќе напори за да ги реши прашањата на Ромите. Во неколку наврати во последните месеци француските власти депортираа стотици Роми во нивните матични земји.