Душанбе и Москва дискутираат за иднината на руските бази

Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антанов.

Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антанов е во посета на Душанбе за средба со тамошните власти за да разговара за судбината на руските воени база во Таџикистан. Душанбе и Москва дискутираат за можноста да се пролонгира рокот до кога е дозволено на руските бази да останат во земјата. Рокот истекува во 2014 година. Во април, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателот на Таџикистан Емомали Рамон зборуваа за тоа руските гарнизони кои се во Таџикистан, а се распоредени на границата со Авганистан, да останат уште 49 години. Русија има 7.500 војници распоредени во три бази во Таџикистан.