Претседателот Иванов во посета на Турција

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, на покана на Унијата на стопански комори и стокови берзи на Турција и ТОББ Универзитетот за економија и технологија.
Како што информираат од кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на „ТОББ Меѓународниот бизнис форум“, на кој ќе учествуваат над 1.000 бизнисмени и претставници на меѓународни институции од 85 земји од светот, кои ќе дискутираат за глобалната економска криза со посебен фокус на улогата на приватниот сектор, како и потребата за зајакнување на претприемништвото и изнаоѓање решенија за надминување на пречките во меѓународната трговија.
Во рамки на посетата на Истанбул, македонскиот претседател ќе има средби и со претставници на ТУСКОН – Конфедерацијата на бизнисмени и индустријалци на Турција.