Бесими и Попоски ќе учествуваат на состанок на НАТО во Брисел

Фатмир Бесими

Доследната определба за членство на Република Македонија во НАТО, како една од стратешките цели на државата за што има поддршка од граѓаните, е главната порака која денеска во Брисел ќе ја пренесат министерот за одбрана Фатмир Бесими и шефот на дипломатијата Никола Попоски. Двајцата ќе учествуваат на состанокот на Северно-атлантскиот совет. “Продолжуваме со промоција подготвеноста на Република Македонија за членство во НАТО, со учество во меѓународни мировни мисии, со донесување Стратегија за одбранбена дипломатија, како и промоција на Бела книга на одбраната” рече Бесими пред да отпатува за Брисел, промовирајки ја новата Агенда на Министерството за одбрана. Во неа се наведени над 50 проекти и иницијативи кои, според министерот, ќе го покренат Министерството и Генералштабот на АРМ да работат со уште поголемо темпо за да одговорат на законските обвски и останат постојан и кредибилен партнер на НАТО.