Нападнат американскиот конзулат во Бенгази

Вооружени напаѓачи упаднале во конзулат на Соединетите американски држави во либијскиот град Бенгази и ја запалиле зградата, јавуваат медиумите. Во инцидентот загинал еден американски државјанин. Има информации за тешки судири меѓу безбедносните сили и напаѓачите пред зградата на конзулатот. Американски државни претставници потврдија дека имало инцидент. Нападот се случи по протестите пред американската амбасада во Египет, поради филм кој наводно бил навредливза пророкот Мухамед.