Пожар во фабрика во Пакистан, 20 жртви

Илустрација.

Најмалку 20 луѓе загинале во пожар што избувнал во фабрика за чевли во Пакистан, соопштија полицијата и спасувачките екипи. Сите жртви биле работници во фабриката. Спасувачите изјавија дека повеќето починале од задушување, затоа што биле заробени во зградата. Засега не е позната причината за пожарот. Непочитувањето на стандардите за безбедност при работа и расипаната електрична инсталација се чести причини за такви несреќи во Пакистан.